Звездата на Реал на продажба, цената е под 100 милиони евра

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Звездата на Реал на продажба, цената е под 100 милиони евра

Како што пренесува шпанската радио-мрежа Кадена СЕР, во кралскиот клуб веќе е донесена голема одлука – Родриго оди на продажба, а етикетата со цена вели: 90 милиони евра. Бразилецот, кој со години важеше за едно од најперспективните крила во Европа, полека го губи просторот во стартниот состав на Реал Мадрид, особено по доаѓањето на Килијан Мбапе, кој заедно со Винисиус Жуниор и Џуд Белингем го формира новото „галактико“ јадро на тимот. Родриго одамна е дел од трансфер шпекулациите, но сега веста изгледа далеку посериозна – Реал е подготвен да го пушти, а Премиер лигата повторно станува најгласна сцена за неговата следна дестинација. Арсенал е клубот кој најгласно тропа на вратата, но не е исклучена и реакција од Манчестер Сити, каде Пеп Гвардиола одамна го следи напаѓачот. Според истите извори, со евентуалната продажба на Родриго, претседателот Флорентино Перез веќе има план – ќе се фокусира на засилување во средниот ред, нешто што и самиот Чаби Алонсо го бара како приоритет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.