Погба: Јувентус не ми помогна кога бев суспендиран!

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Погба: Јувентус не ми помогна кога бев суспендиран!

Францускиот фудбалски ас Пол Погба се отвори во разговор за француските медиуми, откривајќи дека Јувентус не му пружил поддршка за време на најтешкиот период во неговата кариера – суспензијата поради допинг. „Побарав помош од Јувентус, но никогаш не ја добив“, изјави Погба, додавајќи дека чувствувал дека е оставен сам да се бори со последиците од ситуацијата која ја нарекува „најтешката фаза во животот“. Погба падна на допинг-тест во 2023 година по натпреварот против Удинезе, што доведе до првична суспензија од четири години. Сепак, по дополнителни постапки, казната му беше намалена на 18 месеци.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.