June 24, 2025 | | Свет
Фудбалот уште еднаш покажа зошто е повеќе од само игра – синоќа на Светското клупско првенство, Интер Мајами и Палмеирас одиграа возбудливо реми (2-2), со што двете екипи обезбедија место во осминафиналето. Но, резултатот не беше најголемата вест од ноќта. Главната сцена ја украдоа 38-годишната легенда Лионел Меси и 18-годишниот бразилски бисер Естевао Вилијан. На полувремето, додека камерите ги ловеле секој нивен потег, во тунелот се случи емоционален момент: размена на дресови меѓу генерации. Тоа видео за миг стана вирално – како вистински симбол на фудбалското наследство што се пренесува од еден великан на следниот. „Меси ми намигна и нозете ми се тресеа. Тоа беше надреално искуство, идол е за целиот свет“, рече Естевао по натпреварот, сè уште во еуфорија од тоа што не само што му застана спроти, туку и доби признание од најголемиот. Интересно е што младиот фудбалер своите први фудбалски чекори ги направил под прекарот „Месињо“, токму поради стилот на игра кој потсетувал на Аргентинецот. Естевао воедно од наредната сезона ќе го носи дресот на Челси. Англискиот клуб веќе го обезбеди трансферот за 34 милиони евра, а со бонуси вредноста може да порасне на дури 60 милиони.
Estevao and Messi swapping shirts at halftime 🤝 pic.twitter.com/dQyaOpllj8
— Conn (@ConnCFC) June 24, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |