Нико Вилијамс го известил Билбао: Заминувам во Барселона

June 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нико Вилијамс го известил Билбао: Заминувам во Барселона

Крилниот играч отворено му кажал на Атлетик Билбао дека сака да замине, а клубот бара целосна исплата на откупната клаузула. Барселона планира да ја уплати сумата од 62 милиони евра (58 милиони плус 4 милиони поради инфлациска корекција - IPC) на 1 или 2 јули. Пред да се активира договорната клаузула што важи до 2027 година, 22-годишниот Нико искрено му соопштил на клубот од Сан Мамес дека сака да ја прекине соработката, пренесе „Ел Чирингито“. Според информациите на новинарот Еду Веласко, Атлетик Билбао инсистира исплатата да биде направена одеднаш, без рати, нешто што Барселона веќе го има прифатено поради затегнатите односи со клубот од Билбао. Минатата година Атлетик имал договор со Нико дека ќе му дозволат да ја плати клаузулата на рати доколку остане уште една сезона за да се обиде да ја освои Лига Европа, чие финале се играше на нивниот „Сан Мамес“. Атлетик сè уште се надева дека ќе го убеди Вилијамс со подобрена понуда за продолжување на договорот, која вклучува поголема плата. Но, напаѓачот е решен – неговата иднина е во Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.