Интересна размена на хоризонтот: Челси и Јунајтед седнаа да преговараат

June 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интересна размена на хоризонтот: Челси и Јунајтед седнаа да преговараат

Премиер лигашите Челси и Манчестер Јунајтед би можеле да приредат вистинска трансфер-бомба ова лето. Според последните информации, Челси го понудил Кристофер Нкунку во директна трампа за младиот аргентински репрезентативец Алехандро Гарначо, кој наводно не се вклопува во тактичките визии на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим. Ова не е првпат „сините“ да пројават интерес за Гарначо – уште во јануари испратија понуда, но тогаш не беше постигнат договор. Сега, ситуацијата се променила. Од друга страна, Нкунку се мачи со минути и форма откако се пресели во Лондон од Лајпциг. Повредите и конкуренцијата го натераа да се задоволи со настапи во Конференциската лига и повремена минутажа во Премиер лигата – сезонава запиша само девет настапи и три гола. Иако Нкунку има договор со Челси до 2029 година, клубот е подготвен да го жртвува во обид да донесе играч кој би можел да внесе свежина и агресија по крилните позиции – а Гарначо токму тоа го носи со себе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.