June 27, 2024 | | Свет
Србија испадна од ЕП уште во групната фаза. Српски „Телеграф” пренесува шокантни вести. Пред натпреварот со Данска, голманот на Србија, Вања Милинковиќ - Савиќ и еден навивач се степале во кафеана. „Иако селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, повеќепати истакнуваше дека не биле забележани никакви инциденти во таборот на „орлите“ за време на Европското првенство во Германија, „Телеграф“ ексклузивно дознава дека токму пред натпреварот со Данска, во кафана во Минхен, голманот на „орлите“ Вања Милинковиќ-Савиќ се степал со еден српски навивач,“ се наведува во текстот на српскиот таблоид. „Што правиш ти тука? Треба да бидеш во карантин, а ти пиеш!“ наводно му дофрлил навивачот на голманот на Србија, на што овој веднаш возвратил и започнал физичка пресметка, која обезбедувањето успеало да ја смири. Но, сопственикот на таа кафана кажа нешто сосем спротивно. „Вања дојде во нашата кафана, но обезбедувањето на влезот не го препозна и не сакаше да го пушти внатре бидејќи беше во шорц од репрезентацијата, што го налути и дојде до расправија. Јас се вмешав, го фатив за рака и му реков да влезе со мене, но тој одби. Сè се случи во дворот на локалот. Што му дофрлувале и што меѓусебно си кажувале, не слушнав. Драго ми е што на крајот сè се реши“, изјави сопственикот на кафаната. Допрва ќе се дознаваат детали, а Србија во меѓувреме е во потрага по нов селектор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |