Ансу Фати се сели во Монако – легендарната „десетка“ оди кај Ламин Јамал

June 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ансу Фати се сели во Монако – легендарната „десетка“ оди кај Ламин Јамал

Барселона и Монако постигнаа договор за иднината на Ансу Фати – младиот офанзивец ќе ја продолжи кариерата во француската Лига 1. Според договорените услови, Фати заминува на едногодишна позајмица со можност Монако да го откупи неговиот договор во целост. Во наредните денови се очекува Фати да пристигне во кнежеството, каде ќе ги помине задолжителните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на договорот со новиот клуб. Овој трансфер се гледа како шанса за нов почеток за некогашната голема надеж на Барса, кој изминативе сезони се мачеше со повреди и недоволна минутажа. Преселбата на Фати во Монако носи и симболична тежина – неговото заминување ослободува место за дресот со број 10, оној што со години го носеше легендарниот Лионел Меси. Барселона веќе одлучи – нов носител на „десетката“ ќе биде 17-годишниот Ламин Јамал, кој брзо го освои срцето на навивачите со своите зрели настапи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.