„Сините“ блескаат: Челси со триумф од 3-0, Делап со деби-гол, Есперанс немоќен! (ВИДЕО)

June 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Сините“ блескаат: Челси со триумф од 3-0, Делап со деби-гол, Есперанс немоќен! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси остварија убедлива победа од 3-0 против Есперанс Тунис. Триумфот беше запечатен уште во првото полувреме, а публиката доби шанса да го види првиот гол на Лиам Делап во синиот дрес. Головите дојдоа во вистински момент – во судиското продолжение на првото полувреме. Најпрво Адарабијо со прецизен удар со глава го отвори резултатот, а само неколку минути подоцна, Делап ја искористи шансата и зголеми на 2-0, воедно запишувајќи го својот првенец за новиот клуб. Во 97. минута, кога Есперанс веќе немаше сили за камбек, Џорџ ја заокружи победата со трет гол за Челси. Покрај овој натпревар, Фламенго и Лос Анџелес ФК одиграа возбудливо реми, со што се заострува борбата за осминафинале во турнирот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.