June 25, 2025 | | Македонија
Македонскиот фудбал го прави најголемиот чекор кон модернизација — Фудбалската федерација на Македонија за првпат организираше официјален ВАР семинар, отворајќи ги вратите за дигитална револуција во домашното судење. Под водство на еминентниот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, семинарот ги постави темелите за идно користење на видео технологија и фер-плеј систем во натпреварите. Светски признаениот Ѓурѓевиќ, кој стоел зад ВАР системите во Саудиска Арабија, Кипар и Русија, ја предводи обуката во Скопје. Веќе избраните судии започнаа едномесечна интензивна обука, која вклучува и реални симулации и практични вежби на терен. „Она што го ветивме, веќе станува реалност. Сега бараме максимална посветеност од сите инволвирани“, порача претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, на свеченото отворање. Процесот е структуриран во неколку фази – од теоретски модули и offline симулации, до целосна ВАР интеграција на пријателски и тест натпревари со реални ТВ услови. Тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ќе биде срцето на оваа трансформација, со минимум седум камери по меч и комплетна ТВ продукција. Овој проект претставува најголемата техничко-финансиска инвестиција на ФФМ досега, и е најава за ново поглавје во кое транспарентноста, довербата и фер играта ќе добијат нова, дигитална димензија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |