Арсенал блиску до три трансфери, но сè уште без решението што најмногу им недостасува

June 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал блиску до три трансфери, но сè уште без решението што најмногу им недостасува

Иако Арсенал е во завршна фаза на преговори за ангажман на Кепа Аризабалага, Мартин Зубименди и Кристијан Норгард, клубот сè уште не направи чекор кон засилување во најгорливата позиција – напаѓач од светска класа. „Топчиите“ досега немаат официјализирано ниту едно засилување, но според извори блиски до клубот, овие трансфери наскоро ќе бидат потврдени. Сепак, ниту еден од овие фудбалери не е решението за најголемата главоболка на Микел Артета – голгетер со врвна класа. Името на Виктор Ѓокереш од Спортинг и словенечкиот талент Бенџамин Шешко се споменуваат како приоритетни цели, но разговорите не напредуваат и Арсенал засега не успева да пронајде заеднички јазик со клубовите околу цената и условите за трансфер. Сезоната се приближува, а лондонскиот тим останува во потрага по човекот кој ќе им гарантира голови и титули.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.