June 26, 2025 | | Свет
Натпреварот меѓу Интер и Ривер Плата на Светското клупско првенство заврши со победа на Италијанците од 2-0, но поразот на аргентинскиот гигант не помина без бурни сцени. Мечот беше исполнет со тензии, два црвени картони за Ривер, а ситуацијата кулминираше по последниот свиреж. Играчот на Ривер, Маркос Акуња, со бесна реакција тргна кон Дензел Думфрис од Интер, но навремено интервенираа Кристијан Киву, останатите фудбалери и обезбедувањето и спречија поголем физички судир. На излегување кон тунелот, навивачи на Ривер Плата фрлаа предмети кон играчите на Интер, очигледно фрустрирани од елиминацијата. Инцидентот ја засени спортската страна на мечот и повторно го отвори прашањето за дисциплината и контролата на емоциите на големите натпреварувања.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |