Барса и Атлетик во „војна“ за Нико Вилијамс – трансфер само со откупна клаузула

June 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса и Атлетик во „војна“ за Нико Вилијамс – трансфер само со откупна клаузула

Трансфер-сагата околу Нико Вилијамс се заострува. Атлетик Билбао јасно стави до знаење дека нема намера да влегува во никакви преговори со Барселона околу намалување на цената или исплата на рати за младиот репрезентативец. Каталонците можат да го добијат само ако ја активираат неговата откупна клаузула од 58 милиони евра. Засега тоа не го сториле, иако јавно го искажаа интересот – потег што дополнително ги налути челниците на Атлетик. Тие го сметаат ова како притисок и вмешување во играчот, па дури побараа од Ла Лига финансиска контрола врз Барса, сомневајќи се дека не го почитуваат правилото 1:1 (трошење во рамки на заработката). Нико Вилијамс сака трансфер во Барселона и ја пренел таа желба до клубот од Билбао, но сега топката е во рацете на Лапорта и Барса. Сепак, Барселона има јасен план: откупната клаузула да биде активирна на 1 или 2 јули, кога и официјално ќе започне новата фискална година за клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.