Арне Слот доби ново оружје – Милош Керкез официјално во Ливерпул за 40 милиони фунти

June 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арне Слот доби ново оружје – Милош Керкез официјално во Ливерпул за 40 милиони фунти

Ливерпул не застанува со засилувањата ова лето. Клубот од „Енфилд“ денеска и официјално го потврди трансферот на Милош Керкез од Борнмут, за сума од 40 милиони фунти, што го прави третото големо засилување под водство на новиот тренер Арне Слот. Младиот унгарски лев бек ги помина медицинските прегледи и стави потпис на договор со „црвените“, а првите зборови по пристигнувањето беа исполнети со еуфорија. „Голема чест и привилегија е да бидам дел од најголемиот клуб во Англија. Навистина сум многу, многу среќен и возбуден.“ Керкез, кој се истакна со силни настапи во Премиер лигата, пристигнува во Ливерпул како дел од амбициозниот проект на Слот, по веќе комплетираните трансфери на Џереми Фримпонг и Флориан Вирц.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.