June 26, 2025 | | Свет
Ова лето на големо се зборува за иднината на словенечкиот бисер и напаѓачка сензација Бенџамин Шешко. Иако долго време шпекулациите за негов трансфер беа само гласини, една неочекувана објава на социјалните мрежи ги разгори сите надежи на навивачите на англискиот гигант. Фризерот на Шешко, несвесно (или намерно?) ја фрли најсилната најава досега – објави фотографија со голгетерот и порака. „Секогаш ни е задоволство што си со нас, пријателе. Се надеваме дека ќе продолжиме соработката и во Лондон.“ Овој наизглед случаен детал ја разбуди англиската и словенечката спортска јавност, особено откако од Англија веќе стигнаа информации дека Арсенал е подготвен да плати над 80 милиони евра за 21-годишниот ас од РБ Лајпциг. Со неговото пристигнување, Артета се надева дека Арсенал ќе добие ударна опција во нападот – токму она што му недостасуваше во клучните моменти од минатата сезона. Шешко би станал четврто засилување на клубот ова лето, по ангажманите на Зубименди, Норгард и Кепа Аризабалага.
Sesko’s Barber 👀 🇸🇮 pic.twitter.com/zmqcmJQ3xf
— *🦉 (@Iss_Craig) June 25, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |