June 26, 2025 | | Свет
Фудбалерите на Манчестер Сити продолжуваат да ја потврдуваат својата стара форма на Светското клупско првенство во САД, остварувајќи ја и третата победа по ред, со која не само што обезбедија пласман во осминафиналето, туку и го заверија првото место во својата група. Во дербито од третото коло, избраниците на Пеп Гвардиола го надиграа италијанскиот гигант Јувентус со убедливи 5-2, во натпревар каде „граѓаните“ демонстрираа фудбалска доминација од првиот до последниот свиреж. Англискиот шампион уште еднаш покажа зошто се смета за најкомплетниот тим на турнирот – контролирајќи над 75% од поседот, со повеќе од 20 обиди кон противничкиот гол, Сити буквално го „заклучи“ Јуве на нивната половина. И покрај тоа што „Старата дама“ успеа да постигне два гола, нивната игра беше далеку под очекувањата, без вистински одговор на агресивниот и технички прецизен пристап на англиската екипа. Натпреварот започна во висок ритам, и веќе во 9. минута, по ефектна комбинација со Нури, Џереми Доку го отвори резултатот. Само две минути подоцна, Копмајнерс израмни на 1-1, но надежите на Јувентус траеја кратко. Во 26. минута, несреќниот Калулу си постигна автогол, со што Сити повторно поведе, резултат што остана активен до крајот на првото полувреме. Вториот дел донесе уште поголема агресија од страна на „граѓаните“. Ерлинг Халанд, кој влезе во игра во второто полувреме, веднаш ја оправда довербата со погодок за 3-1. Следуваше уште еден погодок, овојпат од Фил Фоден, а вистинска фудбалска магија беше видена во 74. минута, кога Савињо со фантастичен удар ја затресе мрежата на италијанскиот тим. Јувентус само успеа да го ублажи поразот преку Влаховиќ во финишот на натпреварот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |