June 27, 2025 | | Свет
Реал Мадрид продолжува со доминацијата на Светското клупско првенство, откако со 3-0 го совлада Салцбург и како лидер во групата обезбеди пласман во нокаут-фазата. Заедно со „кралскиот клуб“, патник понатаму е и Ал-Хилал, кој славеше над Пачука со 2-0. „Белиот балет“ го скрши отпорот на австрискиот тим дури во 40. минута, кога Винисиус Жуниор го отвори резултатот по серија обиди на мадриѓаните. Во судиското продолжение на првото полувреме, токму Винисиус со пета му асистираше на Валверде, кој го постави резултатот на 2-0. Во финишот на натпреварот, во 84. минута, младиот напаѓач Гонзало Гарсија се запиша меѓу стрелците и покажа дека има потенцијал да биде новата офанзивна сила на Реал, заокружувајќи ја победата со трет гол.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |