June 27, 2025 | | Свет
И покрај убедливиот пораз од 5-2 против Манчестер Сити, тренерот на Јувентус, Игор Тудор, не беше премногу критичен кон своите фудбалери. Хрватот реално ја оцени ситуацијата по последното коло од групната фаза на Светското клупско првенство, нагласувајќи дека квалитетот на противникот бил пресуден. „Старата дама“ веќе го имаше осигурено местото во осминафиналето со победи над Видад Казабланка и Ал Аин, па дуелот со Сити беше повеќе тест за ротации отколку резултатски императив. Сепак, доминацијата на „граѓаните“ во вториот дел беше неприкосновена. „Немаме зошто да криеме – Манчестер Сити е најдобриот тим на светот, предводен од најдобриот тренер. Разликата е јасна тие кога сакаат, трошат 100, 200 милиони евра, имаат посилен состав и тоа не е срамота да се признае. Ние се обидовме, но нивниот пресинг беше немилосрден. Немавме свежина, не бевме комплетни и тоа се виде“, рече Тудор. Хрватскиот стратег ја искористи шансата и да ги пофали своите избраници. „Не можам ништо да им замерам. Секој даде што можеше. Овој пораз не треба да не демотивира – напротив, од утре се враќаме посилни.“ Поразот значи и нов гигант на патот на Јувентус каде во осминафиналето ќе се соочат со Реал Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |