ПСЖ со спортски гест: Парижаните му помогнаа на Лион да избегне колапс

June 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ со спортски гест: Парижаните му помогнаа на Лион да избегне колапс

Иако се ривали на теренот, Пари Сен Жермен покажаа дека фудбалот знае да биде и солидарен. По информацијата дека Лион е исфрлен во Лига 2 поради финансиски колапс и долг од над 500 милиони евра, ПСЖ реши да му помогне на поранешниот првак. Парижаните веднаш го исплатија целиот преостанат дел од трансферот на Бредли Баркола, иако според договорот од 2023 година (вреден 45 милиони евра), исплатата требаше да оди на рати. Овој чекор значително му олесни на Лион во напорите да ја ублажи финансиската криза и да се обиде преку жалба да го задржи прволигашкиот статус. Фудбалскиот сојуз на Франција официјално потврди дека Лион ќе игра во Лига 2, но со дополнителната финансиска инјекција, клубот се надева дека ќе најде правен и логичен пат назад во Лига 1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.