June 27, 2025 | | Македонија
Македонскиот фудбал влегува во нова ера – ВАР системот наскоро ќе стане реалност, и тоа со соба каква што, според инструкторот и ВАР менаџер на ФИФА, Далибор Ѓурѓевиќ, немаат ниту некои од десетте најсилни европски лиги. Во изјава дадена за медиумите, Ѓурѓевиќ потенцира дека условите во новиот ВАР центар во зградата на ФФМ се на високо, дури импресивно ниво. „Овде се создадени предуслови кои се споредливи со најголемите фудбалски федерации. Претседателот Масар Омерагиќ овозможи максимална поддршка, што е клучна разлика во успехот на вакви проекти“, рече Ѓурѓевиќ, нагласувајќи дека ВАР не е само технологија – туку сложен систем што бара дисциплина, посветеност и компетентност. Тој истакна дека иако грешки ќе има, ВАР ќе го унапреди квалитетот на одлуките, ќе го „исчисти“ фудбалот и ќе донесе поголема фер-плеј атмосфера. Според него, подготвеноста на Федерацијата е за пример, а сега топката е кај судиите – буквално и фигуративно. „Ова е еден од најмодерните ВАР капацитети на континентот. Сега е време судиите да ја оправдаат инвестицијата. Се надевам дека фудбалската јавност ќе види појасни, поправедни натпревари и почиста игра“, заврши Ѓурѓевиќ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |