June 27, 2025 | | Свет
Честите повреди сè повеќе го оддалечуваат Давид Алаба од континуиран настап во дресот на Реал Мадрид. Австрискиот дефанзивец, кој се врати на терените по долга пауза, повторно е надвор од стројот – овој пат поради нова мускулна повреда на левата нога. „По направените медицински тестови од страна на клубскиот тим, утврдена е мускулна повреда на левата нога“, се вели во краткото соопштение на „кралскиот клуб“. Според шпанските медиуми, Алаба ќе биде надвор од терените околу еден месец, што би значело дека ќе се врати пред почетокот на новата сезона. Сепак, неговата физичка стабилност станува сè поголема грижа за стручниот штаб на Реал, кој веќе вложува во освежување на одбраната. Младинскиот талент Дин Хујсен е едно од новите имиња, а ангажманот на англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд за бековската позиција е дополнителен сигнал дека клубот се подготвува за иднината.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |