„Опта“ го објави фаворитот за освојување на Светското клупско првенство

June 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Опта“ го објави фаворитот за освојување на Светското клупско првенство

Светското клупско првенство влегува во нокаут-фаза, а аналитичката куќа „Опта“ ја објави најновата проценка за шансите на екипите да го освојат овој трофеј. Според симулациите, најголем фаворит е францускиот шампион ПСЖ со 20,6% шанси за триумф. Веднаш зад нив е англискиот првак Манчестер Сити со 20,4%, додека Интер се наоѓа на третото место со 12,4%. Во топ шест следат Баерн Минхен (11,3%), Челси (10,4%) и Реал Мадрид со 9,7% шанси за освојување на турнирот. На дното од листата се Борусија Дортмунд и Бенфика, кои според „Опта“, имаат најмала веројатност да стигнат до крајниот пехар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.