June 28, 2025 | | Свет
Фенербахче не планира да заостанува зад ривалите на трансфер пазарот и активно работи на создавање конкурентен состав за Жозе Мурињо. Последната голема мета е колумбискиот напаѓач Џон Дуран, кој е на чекор до преселба во Истанбул. Според турските медиуми, Фенербахче добил зелено светло од Ал Наср за трансферот, откако арапскиот клуб ја прифатил понудата. Сега преостанува договорот со самиот играч, односно финализација на личните услови. Дуран се афирмираше во Астон Вила, а потоа замина во Ал Наср каде што ги продолжи добрите игри. Мурињо го гледа како важен дел од офанзивниот план за следната сезона, а неговото пристигнување би било нов сигнал дека Фенер е подготвен за титула и европски поход. Официјализацијата може да се очекува наскоро доколку преговорите завршат без компликации.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |