Роналдо веќе одредил кој ќе биде новиот тренер на Ал Наср!

June 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо веќе одредил кој ќе биде новиот тренер на Ал Наср!

Кристијано Роналдо го продолжи престојот во Ал Наср со нов двегодишен договор и доби уште поголемо влијание – сега учествува и во изборот на нов тренер. Откако Стефано Пиоли доби отказ, Португалецот го предложи својот сонародник Жорге Жесус за наследник. Според арапските и португалските медиуми, Жесус дал зелено светло за враќање во Саудиска Арабија, каде веќе двапати го водеше Ал Хилал, со кого во 2024 година стана шампион. Преговорите се во завршна фаза – и ако сè оди според планот, Ал Наср наскоро ќе добие нов кормилар со кој Роналдо ќе има уште поголема слобода во креирањето на екипата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.