Торино нема пари, но сака да го задржи Елмас!

June 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Торино нема пари, но сака да го задржи Елмас!

Иако одигра одлична полусезона и ги освои симпатиите на навивачите, Елиф Елмас нема да остане во Торино – барем не засега. Италијанскиот клуб не може да си ја дозволи откупната цена од 17 милиони евра што ја бара Лајпциг. Македонскиот репрезентативец се враќа во Бундеслигата, но и самиот не е мотивиран да остане таму. Лајпциг го стави на трансфер-листа, а доколку не се појави купувач, Торино планира повторно да се активира – овојпат со нова, едногодишна позајмица. Фановите и клупските медиуми во Италија се надеваат на враќање на Елмас во втората половина од преодниот рок, а и самиот играч не крие дека со задоволство би го облекол повторно гранатниот дрес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.