June 29, 2025 | | Свет
По заминувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид, клубот се соочува со прашањето кој фудбалер ќе ја преземе дресот со број 10. Тоа не е само број, туку симбол на креативност, зрелост и лидерство на теренот. Според шпанскиот портал „Дефенса Централ“, постојат тројца потенцијални кандидати. Арда Ѓулер е еден од најсериозните. Млад и талентиран, Турчинот веќе се гледа како креативен наследник на Модриќ во средниот ред. Иако ја презеде таа улога на теренот, досега не ја побарал официјално „десетката“. Килијан Мбапе исто така се смета за логичен избор. Тој го носи бројот 10 во репрезентацијата на Франција и претставува новото лице на клубот. Засега, и тој формално не побарал да го добие овој број. Родриго е најнеочекуваниот кандидат. Бразилецот веќе го побарал бројот од клубот. Тој има посебен однос со Модриќ, кого често го нарекува „татко“ и носи дрес со број 10 во бразилската репрезентација. Сепак, не е сигурно дали ќе остане во клубот и следната сезона, што го става под знак прашалник неговото барање.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |