Меси исмеан од навивачи по дебаклот против ПСЖ – претставен како старец! (ФОТО)

June 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси исмеан од навивачи по дебаклот против ПСЖ – претставен како старец! (ФОТО)

ПСЖ вчера убедливо го совлада Интер Мајами со 4-0 и си обезбеди пласман во четвртфиналето од Светското клупско првенство. Натпреварот привлече големо внимание бидејќи го донесе Лионел Меси на мегдан со неговиот поранешен клуб, но Аргентинецот не доби добредојде од сите навивачи. Францускиот тим ја заврши целата работа уште во првото полувреме со четири голови, додека второто полувреме мина во мирен ритам и без сериозни обиди за зголемување на резултатот. Но, покрај фудбалот, внимание привлече и публиката. Некои навивачи решија да го исмеваат Меси, извлекувајќи платно на кое тој е прикажан како старец без заби. На транспарентот беа испишани и неколку резултати со порази на Интер Мајами, очигледно како потсетување на неуспешните настапи на тимот предводен од Меси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.