Каталонски медиум тврди дека трансферот на Нико е закочен, Барселона тивко го финализира трансферот

June 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Каталонски медиум тврди дека трансферот на Нико е закочен, Барселона тивко го финализира трансферот

Како бомба одекна веста дека трансферот на Нико Вилијамс во Барселона е закочен и дека наводно појавиле тензии меѓу младата ѕвезда и каталонскиот гигант, поради барањето на играчот за јасни и недвосмислени гаранции дека ќе биде регистриран навреме за новата сезона во Ла Лига. Според планот, Барселона на почетокот на јули треба да ја активира откупната клаузула од 58 милиони евра, која со инфлација достигнува околу 62 милиони. Мундо Депортиво денеска објави дека наводно поради финансиските ограничувања и неизвесноста со платниот простор, клубот сè уште не може да му гарантира регистрација уште во првото коло. Понатаму, медиумот тврди дека Нико не сака да го доживее случајот на Дани Олмо, кој поради бирократски компликации и повреди на соиграчи доби регистрација дури откако сезоната започна, а во еден момент дури и остана надвор од ростерот. Од Мундо Депортиво стигнаа дотаму дека веќе бил подготвен и „план Б“ – ангажирање на Луис Диаз од Ливерпул, во случај преговорите со Нико да пропаднат. Сепак, новинарот Џерард Ромеро смирува – според неговите извори, трансферот е под контрола и се очекува Нико Вилијамс наскоро да го облече дресот на Барса.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.