Ајакс без милост: Седум фудбалери добија отказ преку Вацап!

June 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ајакс без милост: Седум фудбалери добија отказ преку Вацап!

Славниот холандски гигант Ајакс покажа нов, дигитален пристап во решавање на кадровските прашања – без состанок, без објаснување, само со кратка порака на Вацап, седум фудбалери добија „дигитален шут“. Според информациите на „Де Телеграф“, техничкиот директор на клубот направил групен чат и таму ги известил Чуба Акпом, Карлос Форбс, Борна Соса, Кристијан Хлинсон, Крстијан Расмусен, Џеј Гортер и Бранко ван ден Бомен дека повеќе не се дел од иднината на Ајакс. Но, драмата не завршува тука – оваа седумка ќе биде буквално тргната од тимот. Нема тренирање со останатите, нема оброци во заеднички простор, ниту право да паркираат на истото место. Ќе смеат да ја користат теретаната и терените, но само кога сите ќе си заминат. А ако се повредат? Ќе чекаат во ред, затоа што само еден физиотерапевт ќе биде на нивно располагање.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.