June 30, 2025 | | Македонија
Македонскиот лев бек Анџело Николовски повеќе не е фудбалер на Македонија Ѓорче Петров. По само шест месеци поминати во таборот на „лавовите“, 23-годишниот дефанзивец си заминува како слободен агент и ќе бара нова средина за продолжување на својата кариера. Николовски се приклучи на Ѓорче од редовите на Детонит Плачковица, а претходно ги бранеше боите и на Брегалница, Гостивар и Кит-Го Пехчево. Со оглед на неговото искуство и младоста, не се исклучува можноста за брз трансфер во прволигашки тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |