Талентот за кој Реал плати 50 милиони евра може да заврши во Серија А

June 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Талентот за кој Реал плати 50 милиони евра може да заврши во Серија А

Реал Мадрид под новото водство на Чаби Алонсо веќе ги крои контурите на новата ера, но се чини дека скапо платениот бразилски тинејџер Ендрик не е во фокусот на стратегијата. Иако „кралевите“ вложија 47.5 милиони евра за неговите услуги, досегашниот биланс не ги оправдува очекувањата – само 847 минути во 37 натпревари и 7 постигнати голови. Моментално Ендрик е надвор од терените поради повреда на мускулот, што дополнително го отежнува неговиот пат до стартната постава. Во меѓувреме, младиот Гонзало Гарсија од вториот тим го користи секој момент за да го воодушеви Алонсо и да се наметне како потенцијален стартер. Се повеќе се зборува дека токму Гарсија би можел да добие предност, а тоа сериозно ја разнишува позицијата на Ендрик. Во сенка на оваа ситуација, Јувентус внимателно ја следи состојбата во Мадрид. Италијанскиот гигант е во потрага по нови решенија во нападот, особено со оглед на неизвесната иднина на Душан Влаховиќ. Додека преговорите со Џонатан Дејвид од Лил се во тек, медиумите шпекулираат дека „Старата дама“ би можела да се насочи и кон младата ѕвезда на Реал, која засега не блеска под „кралскиот“ дрес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.