Флуминенсе го изненади Интер и помина во четвртфиналето на клупското СП (ВИДЕО)

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флуминенсе го изненади Интер и помина во четвртфиналето на клупското СП (ВИДЕО)

Светското клупско првенство повторно приреди сензација – овојпат жртва беше италијанскиот гигант Интер, кој беше елиминиран во осминафиналето од бразилскиот Флуминенсе со 2-0. Тимот од Рио де Жанеиро почна фуриозно – само три минути по стартот, Херман Кано ја стресе мрежата на „нераѕурите“ за рана предност. Интер се обиде да возврати, но беше далеку од своето најдобро издание. До крајот на првото полувреме Игнасио постигна втор гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Вториот дел донесе динамика, но не и погодици за Италијанците, главно поради инспирираната партија на голманот Фабио, кој ги заклучи сите приоди кон својот гол. Во самиот финиш, кога Интер веќе очајно бараше израмнување, Херкулес стави точка со погодок во третата минута од судиското надополнување за голема и заслужена победа на Флуминенсе. Во четвртфиналето, бразилскиот клуб ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Ал-Хилал – нова можност за Флуминенсе да продолжи со изненадувањата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.