Новиот лидер на Баерн Минхен ја облече „десетката“!

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Новиот лидер на Баерн Минхен ја облече „десетката“!

Баерн Минхен од денеска има нов носител на легендарниот број 10. Нормално, станува збор за Џамал Мусиала. Иако има само 22 години, Мусиала одамна се наметна како еден од клучните играчи на Баварците и непроценлив дел од репрезентацијата на Германија. Со заминувањето на Лерој Сане во Галатасарај, легендарната „десетка“ остана празна. Џамал, кој досега играше со бројот 42, сега добива и формална потврда на својата лидерска улога во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.