Манчестер Јунајтед тргнува по Оли Воткинс!

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед тргнува по Оли Воткинс!

Напаѓачот на Астон Вила Оли Воткинс, е во фокусот на Манчестер Јунајтед. Според информациите на „Атлетик“, клубот од „Олд Трафорд“ веќе ги активирал посредниците за да ги испита условите за потенцијален трансфер на 29-годишниот англиски голгетер. Воткинс се разгледува како „план Б“ ако не успеат преговорите со Спортинг за Виктор Ѓекереш, кој е приоритет на листата на желби. Но, бидејќи Арсенал и Јувентус исто така го сакаат Швеѓанецот, Јунајтед ги проширува опциите. Со само 44 голови во Премиер лигата минатата сезона, засилување на нападот е итна потреба. Хојлунд не успеа да се наметне со само 14 голови во две сезони, а Воткинс блесна – 24 голови + асистенции, трето најдобро остварување кај напаѓачите по Халанд и Исак! Ако се отвори сериозен интерес, Астон Вила ќе бара околу 70 милиони евра, сума која што беше понудена и на Арсенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.