Брера донесе напаѓач: Каланоски е новиот играч на струмичкиот тим

June 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Брера донесе напаѓач: Каланоски е новиот играч на струмичкиот тим

Напаѓачот Антонио Каланоски е нов фудбалер на Брера. Фудбалерот со потекло од Охрид потпиша договор на една година, а претходно настапуваше за Силекс. Како што наведуваат од Брера, станува збор за фудбалер кој игра во нападот и зад себе има огромно искуство во повеќе македонски клубови во кои ги има покажано голгетерските спобоности. Каланоски во Силекс последната сезона одигра 31 натпревар и постигна девет погодоци. Освен за Силекс Антонио има играно и за Гостивар, Шкупи, Беласица, Борец, Победа. „Честа е голема да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот тим и клуб“, рече Каланоски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.