На Челси му го нудат светскиот шампион, тој сонува за Манчестер Јунајтед

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

На Челси му го нудат светскиот шампион, тој сонува за Манчестер Јунајтед

Емилијано Мартинез, светскиот шампион со Аргентина и столб на Астон Вила, е сè поблиску до заминување од Бирмингем, но прашање е само каде ќе продолжи. Иако имаше одредени шпекулации за трансфер во Барселона, сепак таквите информации не беа до крај потврдени. Сега, нова битка се води меѓу два премиерлигашки гиганти – Манчестер Јунајтед и Челси. Медиумите на Островот откриваат дека Јунајтед е најголемата желба на Мартинез, клуб каде тој би сакал да брани и за кој веќе подолго време се поврзува. „Театарот на соништата“ би бил идеално платно за неговите спектакуларни одбрани. Но, токму на Челси Мартинез бил понуден, па таквата опција наводно се разгледува. Уште по завршувањето на сезоната беше откриено дека Мартинез ќе замине од Астон Вила, но сеуште не е познат следниот клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.