Ракитиќ стави крај на блескавата кариера, добива улога во Хајдук

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ракитиќ стави крај на блескавата кариера, добива улога во Хајдук

Иван Ракитиќ, еден од најпознатите хрватски фудбалери, на 37-годишна возраст ја заврши својата професионална кариера. Веста ја потврди тренерот на Хајдук Сплит, Гонзало Гарсија, во интервју за Нова ТВ. Иако имаше можност да продолжи со играње уште една сезона, Ракитиќ не се приклучи на подготовките, што беше јасен знак за крај на неговата кариера. Тој сепак останува дел од клубот и ќе има нова функција во спортскиот сектор, како дел од тимот на спортскиот директор Горан Вучевиќ. Ракитиќ во својата кариера настапуваше за клубови како Базел, Шалке, Севиља, Барселона и Хајдук. За хрватската репрезентација одигра 106 натпревари и беше дел од тимот што играше финале на Светското првенство во 2018 година. Во кариерата освои многу трофеи, особено со Барселона каде што четири пати стана шампион на Шпанија, еднаш ја освои Лигата на шампионите и четири пати Купот на Шпанија. Со Севиља два пати ја освои Лига Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.