Милан донесе талентиран напаѓач од Динамо Загреб

July 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан донесе талентиран напаѓач од Динамо Загреб

Италијанскиот фудбалски гигант Милан го официјализира трансферот на младиот хрватски талент Дино Делкиќ од Динамо Загреб. Напаѓачот роден во 2009 година ќе се приклучи на развојната академија на „росонерите“. Делкиќ во минатата сезона забележа одлични настапи во младинските категории на хрватскиот шампион, постигнувајќи 17 голови на 29 натпревари во сите натпреварувања. Според информации од Италија, скаутите на Милан подолго време го следеле неговиот напредок и одлучиле да реагираат со конкретна понуда, уверени во неговиот потенцијал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.