Вардар се лизна по третпат – пораз од српскиот Напредак

July 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар се лизна по третпат – пораз од српскиот Напредак

Фудбалерите на Вардар го претрпеа третиот пораз на пријателските натпревари во рамки на подготовките за новата сезона, откако денеска беа поразени од српскиот Напредак со 2-1. На теренот во Словенија, „црвено-црните“ имаа потешкотии во офанзивата и создавањето шанси, додека Напредак ги казни клучните грешки во одбраната. Српскиот прволигаш поведе по 30 минути игра, а во самиот финиш на полувремето го зголеми водството. Вардар го ублажи резултатот со гол во последните минути од натпреварот. Ова беше петта контрола за македонскиот гигант во Словенија – досега има две победи (Будуќност 3-0, Рапид Букурешт 1-0) и три порази (Марибор 5-0, Олимпија 2-0, Напредак 2-1). Подготовките продолжуваат, а стручниот штаб ќе има што да анализира пред стартот на новата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.