July 3, 2025 | | Свет
Ливерпул ја потврди трагичната вест дека Диого Жота, фудбалер на клубот и португалски репрезентативец, загинал во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со својот брат Андре. Во соопштението на клубот стои дека сите се скршени од болка и шокирани од оваа огромна загуба. Клубот побара јавноста да ја почитува приватноста на семејството и блиските во овие тешки моменти. „Скршени сме од болка. Оваа незамислива загуба нè остави без зборови. Нашите мисли се со семејството и сите блиски на Диого. Ќе ја продолжиме нашата поддршка кон нив во овие ужасни моменти“, соопшти клубот од „Енфилд“. Жота имаше 28 години и беше еден од омилените играчи кај навивачите. По неговата смрт, бројни клубови и фудбалски федерации изразија сочувство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |