Тага и очај на „Енфилд“: Фановите на Ливерпул се испраќаат со Жота (ФОТО+ВИДЕО)

July 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тага и очај на „Енфилд“: Фановите на Ливерпул се испраќаат со Жота (ФОТО+ВИДЕО)

Денеска целиот фудбалски свет, особено Португалија и верните фанови на Ливерпул, се во длабока тага по загубата на Диого Жота, кој трагично го загуби животот заедно со својот брат Андре за време на одмор во Шпанија. Несреќата се случи кога автомобилот на Жота излетал од патот поради пукната гума. По силниот удар, возилото се запали и беше целосно уништено. Итните медицински екипи, и покрај брзата интервенција, не успеаја да ги спасат двајцата браќа, констатирајќи ја нивната смрт на лице место. Навивачите на Ливерпул, потресени од трагичната вест, се собраа пред „Енфилд“ каде оддаваат последна почит на својот играч, со солзи и со тивки, но силни емотивни пораки. Фудбалската јавност останува обединета во болката и споменот на Жота.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.