Ливерпул го повлекува дресот со број 20 во чест на Жота

July 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул го повлекува дресот со број 20 во чест на Жота

Пет години, но засекогаш во срцето на „Енфилд“. Диого Жота, кој трагично го загуби животот заедно со својот брат во сообраќајна несреќа, остави неизбришлива трага во црвениот дрес – толку голема што Ливерпул одлучи да му оддаде вечна почит. Од клубот потврдија дека дресот со број 20, со кој Португалецот настапуваше од 2020 година, ќе биде повлечен од употреба. Никој повеќе нема да го носи тој број – симболичен гест со кој „црвените“ го зачувуваат сеќавањето на својот миленик. Жота пристигна од Вулверхемптон за 45 милиони евра и веднаш се вклопи во тимот, со што стана клучен дел од напаѓачката линија. Во 190 натпревари во Премиер лигата, постигна 63 гола и забележа 24 асистенции, а во Лигата на шампионите одигра 38 натпревари со 6 погодоци и 7 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.