July 4, 2025 | | Свет
Францускиот великан Лион е на раб на фудбалска катастрофа. Според „Л’Екип“, клубот се соочува со исфрлање во Лига 2 поради огромни долгови, а единствениот начин да ја задржи својата прволигашка лиценца е да обезбеди 200 милиони евра. До 10 јули, кога е закажано сослушувањето по нивната жалба, Лион мора да уплати 100 милиони евра директно на сметката како итен чекор за финансиска стабилизација. Дополнително, потребни се уште 100 милиони евра како гаранција за сезоната 2025/26, со што вкупниот износ се искачува на астрономски 200 милиони. Причината за овој драматичен развој е долгот од 500 милиони евра, кој според финансиската комисија на француската лига е недозволив за клуб што настапува во Лига 1.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |