July 4, 2025 | | Македонија
Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци под новото раководство сериозно го засилува ростерот за претстојната сезона и веќе претстави четворица нови фудбалери кои ќе го носат црвено-белиот дрес. Првиот новитет е Дарко Илиески, искусен дефанзивец кој доаѓа од албанскиот шампионат. Неговиот фудбалски пат го однел и до Таџикистан, Словенија и Ерменија, додека во Македонија оставил белег во дресовите на Пелистер, Струга, Победа, Борец, Металург и 11 Октомври. Под стативите конкуренцијата ќе ја засили Стефан Тасев, голман кој минатата сезона ја мина во бугарски Дунав Русе, каде го имаше првото меѓународно искуство. Сега се враќа на домашен терен со цел да донесе стабилност во задната линија. Од средниот ред доаѓа Христијан Стевковски, играч кој стави потпис на двегодишен договор. Во кариерата има настапи за Работнички и Скопје и важи за борбен и тактички дисциплиниран фудбалер. На бековската позиција пристигнува Кристијан Ацковски, кој последно играше за романскиот Корвинул. Домашната публика го памети од настапите во Шкупи, Брегалница, Борец и Работнички. Кавадарчани не застануваат тука – следуваат уште неколку имиња кои треба да бидат промовирани во следните денови, со што новата ера на Тиквеш добива сè појасна форма.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |