Алонсо ја гледа замената на Модриќ во ПСЖ

July 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алонсо ја гледа замената на Модриќ во ПСЖ

Новиот стратег на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, има кристално јасна идеја за тоа како треба да изгледа средниот ред на „кралскиот клуб“ во новата ера. Како што објавува шпанскиот медиум Defensa Central, неговата главна желба на трансфер-пазарот е Витиња, играчот за врска на Пари Сен Жермен и репрезентативец на Португалија. Оваа трансфер-визија доаѓа во клучен момент за Мадриѓаните – Лука Модриќ по Светското клупско првенство заминува од „Сантијаго Бернабеу“, завршувајќи 12 славни сезони, обележани со 29 трофеи – најмногу во историјата на клубот. Се очекува хрватскиот маестро да ја продолжи кариерата во Милан, неколку месеци пред да наполни 40 години. Во потрага по негов достоен наследник, Алонсо го идентификувал Витиња (25) како идеален избор. Со договор со ПСЖ до 2029 година, португалецот претставува долгорочна инвестиција, но и вистински предизвик за трансфер. Главна пречка останува напрегнатиот однос меѓу Флорентино Перез и ПСЖ, особено по драматичната „сага Мбапе“, поради која преговорите меѓу двата гиганти се реткост.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.