Солзи на теренот: Невеш и Кансело не издржаа за време на минутата молк за Жота (ВИДЕО)

July 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Солзи на теренот: Невеш и Кансело не издржаа за време на минутата молк за Жота (ВИДЕО)

Вечерашното четвртфинале од Светското клупско првенство помеѓу Флуминенсе и Ал-Хилал започна со минута молк во чест на трагично починатите Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Тој момент беше особено емотивен за Португалците Рубен Невеш и Жоао Кансело, кои не успеаја да ги задржат солзите. Двајцата фудбалери ја делеа соблекувалната со Жота во португалската репрезентација, а блискоста и загубата се одразија во нивните изрази. Нивната реакција ја долови целата болка што ја чувствува фудбалскиот свет по шокантната вест за смртта на 27-годишниот напаѓач.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.