Алегри започна жестоко: Во новиот Милан ќе нема привилегирани

July 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алегри започна жестоко: Во новиот Милан ќе нема привилегирани

Милан ја започна новата сезона со силен сигнал – враќањето на Масимилијано Алегри на клупата донесе веднаш промени. На првиот тренинг во „Миланело“, искусниот стратег јасно даде до знаење, нема попусти, нема ѕвезди, се почнува од нула. Иако не беа присутни сите фудбалери, новото засилување Самуеле Ричи веќе ги направи првите чекори во црвено-црниот кампус, а Алегри не губеше време – од првиот ден се воведоа цврсти правила кои ќе ја изградат новата дисциплина на тимот. Главните правила на Алегри се неколку. Секое каснење значи нема повик за натпревар, телефоните се забранети на состаноци, оброци и во соблекувална, следење на килограми, задолжителен доручек и ручек во клупската база, победничкиот ДНК се враќа преку колектив. Тренинзи двапати дневно, секоја недела ќе биде искористена за максимум подготовка бидејќи Милан оваа сезона нема европски натпревари. Фокусот ќе биде и Милан да ја има најцврстата одбрана во лигата. Алегри не дојде за да „гаси пожари“, туку да постави ново темпо, нова култура и нови стандарди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.