ПСЖ го победи Баерн и се пласираше во полуфиналето (ВИДЕО)

July 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ го победи Баерн и се пласираше во полуфиналето (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен го доби дербито против Баерн Минхен со 2-0 и се пласираше во полуфиналето на Светското клупско првенство. Првото полувреме помина без голови, но донесе голем инцидент – Џамал Мусиала се повреди по судир со голманот Донарума. Според првичните информации, има скршеница на ногата и ќе отсуствува подолг период. Неколку минути подоцна, ПСЖ остана со играч помалку по црвениот картон на Пачо, а во судиското надополнување и Лукас Ернандез доби црвен картон. И покрај тоа, Дембеле постигна гол во самиот финиш и ја потврди победата на парискиот тим. ПСЖ во полуфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот Реал Мадрид – Борусија Дортмунд. Во другото полуфинале ќе играат Флуминензе и Челси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.