Дембеле со гол и трогателна посвета за Жота: ПСЖ го елиминира Баерн и е во полуфинале (ФОТО)

July 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дембеле со гол и трогателна посвета за Жота: ПСЖ го елиминира Баерн и е во полуфинале (ФОТО)

Пари Сен Жермен обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со 2-0. Осман Дембеле беше стрелец на вториот гол во самиот финиш, а неговата прослава беше исполнета со емоции. Французинот по погодокот седна на тревникот и ја повтори препознатливата прослава на трагично загинатиот Диого Жота, кој заедно со својот брат Андре Силва го загуби животот во сообраќајна несреќа. Сцената ги трогна и гледачите и играчите на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.