Страшни крици на Мусиала по ужасната повреда, познато колку ќе отсуствува (ВИДЕО)

July 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Страшни крици на Мусиала по ужасната повреда, познато колку ќе отсуствува (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен беше засенет од тешката повреда на Џамал Мусиала, кој со болна гримаса и на носилки го напушти теренот, а веднаш потоа беше префрлен во болница. Според информациите на „Билд“, Мусиала ја скршил левата фибула и има оштетувања на неколку лигаменти. Германските медиуми пренесуваат дека го очекува пауза од 4 до 5 месеци, што значи дека ќе го пропушти добар дел од сезоната и можеби стартот на следната. Во прилог погледнете ја неговата реакција по страшната повреда која германската звезда ја доби.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.