Алфонсо Дејвис остана во шок додека ја следеше хорор повредата на Мусиала (ВИДЕО)

July 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алфонсо Дејвис остана во шок додека ја следеше хорор повредата на Мусиала (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен го елиминираше Баерн Минхен и обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство, но триумфот на „светците“ остана во сенка поради тешката повреда на Џамал Мусиала. Младиот ас на Баерн заработи сериозна повреда по судир со голманот Донарума и беше изнесен од теренот на носилки. Токму тие сцени беа сведоштво за суровата страна на фудбалот, а нив со неверување ги следеше Алфонсо Дејвис. Канадскиот интернационалец, кој поради повреда не е во составот на Баерн, одлучи да биде гостин-коментатор за мечот. Но, кога дојде моментот со повредата, неговата реакција беше јасна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.